ВМРО ДПМНЕ со веб апликација до идеи за новата изборна програма (фото)

Сподели со своите пријатели

Владеачката ВМРО ДПМНЕ со новата веб содржина, на граѓаните на Македонија им понуди опција, своите идеи за новата четиригодишна програма да можат да ги остават во коментар, со пополнување на бараните опции, објавени на веб страната www.ideja.vmro-dpmne.org.mk.

Loading...

Capture

Како што веќе најави партискиот претседател Никола Груевски на презентацијата во Александар Палас, на овој начин, но и со четири мобилни тимови кои ќе поминат низ цела Македонија, ќе се собираат идеи од граѓаните, додавајќи дека воедно во сите градови ќе се држат трибини со цел поуспешно собирање на предлози што ќе бидат инкорпорирани во предизборната програма за изборите во април.

Со отварањето на веб апликацијата за собирање идеи, секој посетител ќе може да внесе свој предлог и идеа, а со тоа да даде допринос во градењето на изборната програма на ВМРО ДПМНЕ.