ВМРО ДПМНЕ денес го избира новиот лидер

Сподели со своите пријатели

Под мотото ”Силна Македонија”, во Куманово денес продолжува 15. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој учествуваат  560 делегати, кои треба да изберат претстедател на партијата за следниот четиригодишен мандат.

Loading...

Актуелниот претседател и премиер Никола Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура  се потпишаа интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.

На првиот ден од Конгесот пред присутните се обрати актуелниот лидер и премиер Никола Груевски.

Според информациите од Конгресот, прв со дискусија бил Зоран Ѓорѓиевски, пратеник од Куманово и кандидат за градоначалник на последните локални избори кој не успеа да ја добие довербата на кумановци.

Ѓеоргиевски според информациите се осврнал на градот домаќин, неговите комунални, инфраструктурни и економски проблеми и перспективите кои ги има.

Leave a Reply