Влатко Тодоровски го извади светиот крст во Тромеѓа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишниот Влатко Тодоровски го фати светиот крст денеска во кумановското село Тромеѓа.

Loading...

Мештаните на оваа населено место денеска се собраа на осветување на вода на комплексот „Александрија“ по повод празникот Богојавление (Водици) при што Тодоровски беше најсреќниот верник кој прв дојде до светиот крст.

 

 

Како што вели Тодоровски ова е втор пат да учествува на ваква манифестација и втор пат го вади крстот од осветените води. И минатата година тој беше најсреќниот верник на оваа локација.

 

Loading...

 

– Среќен празник на сите верници, за многу години, нека носи среќа, здравје и радост на сите, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.100 ученици во Куманово бесплатно пливаат на затворениот Градски базен (ФОТО)

 

Никола Ивановски