Владата го разреши Марјан Спасовски од директорската позиција

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе две кадровски одлуки, од кои едната е за разрешување на кумановецот Марјан Спасовски од должноста директор на Управа за извршување на санкциите.

Loading...

Спасовски на оваа функција дојде како кадар на СДСМ, откако претходно беше директор на Затворот во Куманово.

Неговото разрешување следува откако премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е незадоволен од неговото директорување. Таквото незадоволство дојде откако осудениот убиец Беким Мемети избега од затвор во кој требаше да служи казна до 2040 година.

Сепак, Шпенд Тахири, директорот на затворот од кој избега Мемети и каде се утврдени низа пропусти, и натаму ќе остане да си ја извршува функцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане