Владата ги аминуваше измените во законот за азил

Сподели со своите пријатели

По бранот бегалци и мигранти кои транзитираат низ Македонија и стриктните законски одредби за престој во Македонија, Владата на РМ на синоќешната седница ги усвои измените на Законот за азил, при што со предложените измени  секој мигрант што ќе ја помине границата ќе добие потврда дека во земјава може да остане најмногу 72 часа, по што ќе мора да ја напушти Македонија или да побара азил.

Loading...

Предложените законски измени по итна постапка ќе одат на расправа во Собранието на Република Македонија.

Владата донесе одлука да се формира работна група од министрите за надворешни работи, за здравство, за полиција, локална самоуправа и социјала која ќе ги следи состојбите со мигрантите и ќе презема мерки и чекори во согласност со своите надлежности.

Според се` уште важечките законски одредби мигрантите не смеат да се возат во јавен превоз, а како последица на тоа, досега на пругите во Македонија загинаа 27 лица.

Во услови на актуелните законски одредби, мигрантите во Куманово засега добиваат привремен престој во градската џамија од каде заминуваат за Србија.