Вкупно 93 лица заболени од грип биле регистрирани во текот на изминатата недела, односно за периодот од 29-ти февруари, заклучно со 6-ти март годинава, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според статистиката на Центарот за јавно здравје Куманово, најбројна старосна група заболена од грип е од 15 до 64 години, претежно и поради шиоркиот дијапазон на години кои ги опфаќа. На возраст од 5 до 14 години заболени биле 24 лица, како и едно лице во старосната група до четири години.
Според наведената статистика од ЦЈЗ Куманово, станува збор за намалување на бројот на регистрирани случаи од грип во споредба со изминатиот период кога за една недела бројката беше и над 200 новозаболени.