Витаминот Б го намалува ризикот од мозочен и срцев удар

Сподели со своите пријатели

Научниците од Кинескиот Универзитет Женгжу тврдат дека кај  лицата склони кон кардиоваскуларни болести и кај повеќето семејни случаи на мозочни удари и инфаркт еден од најефикасните начини на превенција е земањето на витаминот Б како додаток.

Тие анализирале 14 клинички студии и утврдиле дека додатокот од Б витамин просечно го намалува ризикот од мозочен и срцев удар за 7 до 10 %, пишува ЦБС.

На основа на нашите резултати, способноста на витаминот Б да го намали ризикот од мозочен и срцев удар, зависи од бројни причини, како што е самата количина на витамините, можноста на телото да го апсорбира, како и тоа дали пациентот има висок крвен притисок или проблеми со бубрезите. Поради тоа најдобро е да се советувате со лекар пред да земете било какви додатоци, рекол раководителот на студијата, Кси Јуминг.