Висок ризик од пожари во јужна Франција, Италија и Шпанија

Сподели со своите пријатели

Температурите во јужна Франција денеска ќе надминат 40 степени, а висок ризик од пожари има и во регионот околу Марсеј, како и во Италија и Шпанија.

Loading...

Температурата во областа околу шпанскиот град Кордоба денеска се очекува да достигне до 43 степени.

Италијанското Министерство за здравство предупреди на топлотни бранови во 17 градови, вклучувајќи ги Рим, Фиренца и Палермо.

Прогнозите покажуваат дека во Грција се очекува слично време за време на викендот, пренесува Блумберг.

Грција и земјите од Балканот се најтешко погодените делови на Европа ова лето, но бранот на воздух од Сахара сега се шири над поголемиот дел од Медитеранот.

Климатските промени го зголемуваат интензитетот и зачестеноста на топлотните бранови, предизвикувајќи екстремни временски настани – од бури и поплави до суши и пожари, наведува Блумберг.