Виктор Орбан: Незамисливо е Украина да влезе во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека е „незамисливо“ Украина да стане членка на Европската унија.

Loading...

Говорејќи пред претстојниот самит на ЕУ во Брисел, Орбан за државното радио изјави дека не може да изнесе „ниту еден аргумент“ во корист на пристапот на Украина во ЕУ, имајќи ги предвид интересите на Унгарија, пренесе МТИ.

Тој додаде дека има многу аргументи против членството на Украина, вклучително и дека нејзиниот прием ќе ја „уништи земјата“ во однос на домашното земјоделство и унгарската економија како целина.

Тој, исто така, посочи дека не е јасно „како би можело да се запре криминалот“ што „ќе стигне до Унгарија“ како резултат на влезот на Украина во ЕУ, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Идните мировни сили може да патролираат во воздушниот и поморскиот простор