Викендица, патнички автомобил марка „голф“ и стрниште вчера изгореле во поголем пожар на патот помеѓу кумановските села Пчиња и Студена Бара.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, осум пожарникари со три противпожарни возила интервенирале на гаснење на огнот.
Интервенцијата траела во период од 12:30 до 16:40 часот.
Од РЦУК додаваат дека е причинета поголема материјална штета, а причината и висината на штетата допрва ќе се утврдуваат.
Кумановските пожарникари вчера интервенирале и на запален смет во населбата „Ѓорче Петров“ во период од 17:00 до 17:45 часот.
Никола Ивановски