Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 18 степени во утринските часови до максимални 34 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

 

 

Сончево до умерено облачно време ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североистиочен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 30 степен.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и во првиот дел од следната работна недела, по што ќе следат услови за дожд.

Никола Ивановски