Викенд временска прогноза

Сподели со своите пријатели

Утринава низ Македонија е свежо, ако се изземе Гевгелија, каде утринава се измерени 20°С во 7 часот.

Loading...

Во попладенвните часови е можен и слаб дожд во северниот дел од земјата. Југот останува претежно сончев.

Сликата на сончево време утрово релативно бргу ќе се смени во северната половина од земјата. Облачната маса која во Србија донесе облачно утро, полека се спушта кон нас.

Највисоката дневна температура ќе достигне околу 23°С низ котлините. На повисоките места дневниот максимум нема да надмине 18°С.

Во сабота ќе биде малку потопло, а максималната температура низ котлините ќе има вредности околу 25°С, додека во југоисточниот крај таа ќе достигне до 29°С.

Наутро ќе биде пооблачно во северозападниот регион, каде е можен и слаб дожд. Денот ќе помине со умерено облачно време, нормално со подолги сончеви периоди. Доцна попладне се можни врнежи во планинскиот дел од истокот на земјава.

Недела ќе биде потопла од сабота, но само за нијанса. Попладне се очекува понестабилно време. Истото ќе резултира со локален дожд и грмежи во попладневните и вечерните часови.