Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.
Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со услови и за краткотрајни сончеви периоди, но и за врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерне ветер од југоисток.
Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, додека максималната дневна ќе достигне 15 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со краткотрајни сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, а температурата ќе биде во интервал од минимални 7 до максимални 13 степени целзиусови.
Ноќта кон недела повторно се очекуваат врнежи од дожд.
Во недела ќе имаме променливо облачно време со услови и за дожд и за сонце.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.
Стартот на новата работна недела носи услови за нови врнежи од дожд.
Никола Ивановски