Вицепремиерот Владимир Пешевски со тим од Владата на Република Македонија утре ќе биде во работна посета на Општина Куманово.
Во агендата на Пешевски најпривн е предвидена посета на „Алфи Техноцентар“, каде што има вработени од проектот на Владата „Македонија вработува“, а потоа точно напладне ќе следува прошетка низ центарот на градот и средби со граѓани на две локации.
Веќе во 14:30 Пешевски ќе биде на средба со граѓаните на населба Карпош, а еден час подоцна, односно во 15:30 ќе се сретне со мештаните на населбата Иго Тричковиќ.