И додека многу луѓе чувствуваат дека им е тесно во станот, веруваме дека нема многу луѓе кои живеат во 8 квадрати, барем не во Македонија.
Сепак, ова не е ништо невообичаено за пренаселената Јапонија.
Една девојка покажа како живее во толку мал стан, кој има дури и сопствен балкон.
Веднаш на влезот има мала вдлабнатина наменета за чевли. Потоа во ходникот има плакар, но и комода со микробранова печка и мини печка.
Во доградбата има и мини кујна со мијалник, фрижидер и простор за подготовка на храна.
Иако просторот е толку мал, има и бања, а тоалетната школка е всушност под мијалникот, кој се поместува.
На малиот балкон оваа девојка чува неколку саксии со цвеќиња, како и закачалка со штипки, на кои ги суши алиштата.
Галеријата е нејзиното место за спиење, каде што, може да се каже, има најмногу простор.
Како изгледа сето тоа погледнете во видеото.