Верешчук ги повика Русите да не посвојуваат деца украдени од Украина

Сподели со своите пријатели

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика Русите да не посвојуваат деца за кои рече дека биле украдени од Украина за време на војната и депортирани во Русија.

Loading...

Верешчук на својот канал Телеграм изјави дека сирачињата биле украдени во Украина и наводно биле дадени на посвојување во Русија.

Таа додаде дека силно им препорачува на руските граѓани да не посвојуваат украински сираци „кои нелегално биле однесени од привремено окупираната територија на Украина“, пренесува Ројтерс.

„Уште еднаш ги потсетувам сите руски таканаречени „посвоители“ и „чувари“: порано или подоцна ќе треба да одговарате“, напиша Верешчук, кој е задолжен за социјалните прашања.

Според украинското Министерство за интеграција на окупираните територии, 19.514 украински деца во моментов се сметаат за незаконски депортирани.

Во средината на март, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот правобранител за правата на децата Марија Лвова Белова, обвинувајќи ги за наводно незаконско депортирање на деца од Украина во Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.