Вендинг машини за шишиња и лименки ќе се поставуваат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вендинг машини за одлагање пластични шишиња и алуминиумски лименки ќе бидат поставени пред маркетите во Куманово.

Loading...

Општина Куманово во рамки на програмите за 2025 година предвиде средства за „паметно управување со отпад од пакување“ при што граѓаните ќе добиваат т.н. зелени поени со секое правилно депонирано шише.

– Ќе бидат поставени во централното градско подрачје и суштината е секој кој ќе вметне пластично шише ќе добие еден зелен поен кој изнесува 0,5 денари. Од тие причини Општина Куманово со 500.000 денари ќе се вклучи во субвенционирање на исплата на овие зелени поени. Секој маркет ќе дава своја картичка каде ќе се акумулираат тие зелени поени каде ќе може подоцна истите тие луѓе да ги искористат во пазарење на некои намирници, појасни Лидија Ланг Спасовска, раководителка на Секторот за комунални дејностви при Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Завршени повеќе инфраструктурни проекти за училишта во Куманово (ВИДЕО)

Како што појасни таа, Општина Куманово ќе има голем бенефит од ваквата програма со оглед дека наоколу низ градот има расфрлано многу пластичен отпад.

Меѓу мерките со кои ќе се подобрува квалитетот на животната средина, пред се на амбиенталниот воздух, ќе продолжи субвенционирање на приклучокот за гас во износ од 25.000 денари.

За инвертер клими, општината ќе доделува по 20.000 денари субвенција.

Никола Ивановски