Велосипедската трка „Трофеј 11ти Октомври“ во петок во Куманово

Сподели со своите пријатели

Традиционалната велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“ и оваа година ќе се одржи во петок со почеток во 10 часот во Куманово.

Loading...

Организатори на манифестацијата се Општина Куманово, Велосипедската федерација на Македонија и најдобриот велосипедски клуб „Вело-М“ од Куманово.

– Трката ќе се вози на булеварите „Октомвриска Револуција“ и „Трета МУБ“, а старт на трката ќе биде пред спортската сала со почеток во 10 часот каде што ќе се вози првата трка односно за помалите категории (У-13, У-15, кадети, жени), а втората трка ќе започне во 11 часот каде што силите ќе ги одмерат повозрасните категории, јуниори, сениори, мастерс, информираат организаторите.

Минатата годината победник на натпреварот беше бугарски велосипедист Јордан Андреев, а годинава како најзвучно име се издвојува повеќекратниот државен шампион Стефан Петровски кој специјално ќе пристигне од Германија.

Leave a Reply