Ако сладоледот е едно од вашите омилени задоволства, вие сте на вистинското место! Ви претставуваме вкусен, кремаст и неодолив сладолед, без шеќер и млечни производи.
Не само што е поздрав, туку има и совршен вкус. Значи, идеално сладоледче во кое можете да уживате без да се грижите. Бидете сигурни да го пробате!
Вегански кето сладолед
Состојки:
400 мл кокосово млеко во конзерва
1/3 чаша путер од бадем
многу малку сол
1 лажица екстракт од ванила
1/8 лажица стевија
Начин на подготовка:
1. Ставете ги сите состојки во блендер и изблендирајте додека не се соединат во кремаста смеса.
2. Додадете повеќе стевија, сол или ванила по вкус.
3. Истурете во сад, по можност стаклен, проверете дали стаклото е прилагодено на ниски температури за да не се скрши. Чувајте го во замрзнувач најмалку два часа пред да го послужите.
Совет плус:
Ова е основниот рецепт за сладолед, а по желба и вкус, можете да додадете кокос или овошје по ваш избор во смесата. Љубителите на чоколадо ќе ја сакаат верзијата со растопено чоколадо или трошки од чоколадо. Но, внимавајте: Во тој случај, овој сладолед повеќе не е кето, и ако е чоколадо со млеко – дури ни вегански. Сепак, дури и тоа ќе биде поздраво од верзиите купени во супермаркетите.