Во вечрашната прва полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија ќе настапат 17 земји во Експо арената во Тел Авив, Израел кој е овогодинешниот домаќин.
Настапите ќе започнат во 21 часот, но првин на сцената ќе се појави минаготодишната победничка Нета Бразилаи, по што ќе се претстават и 17те земји.
На големата сцена вечерва ќе се појават Кипар, Црна Гора, Финска, Полска, Словенија, Чешка, Унгарија, Белорусија, Србија, Белгија, Грузија, Австралија, Исланд, Естонија, Португалија, Грција и Сан Марино.
Само десет земји од оние кои вечерва ќе настапат ќе одат во големото финале, каде вкупно ќе има 25 земји на овогодинешното 64то издание на Евровизија.
Вчера гласаа и стручните жири комисии од сите земји ученисчки, и нивните гласови учествуваат со една половина во конечната одлука, додека втората половина од гласовите е од гледачите кои ќе можат да гласаат преку смс пораки.
Македонија настапува во втората полуфинална вечер со Тамара Тодевска и песната „Proud“.
Фото: Thomas Hanses/ Eurovision.tv