Папата Франциско се наоѓа во римската болница Гемели, каде со денови боледува од астматичен бронхитис.
Во вторникот неговата состојба дополнително се искомплицира откако се дозна дека има и билатерална пневмонија.
Четвртокот, сепак, донесе подобри вести. Ватикан соопшти дека папата имал мирно утро.
– Ноќта помина добро, папата стана и појадуваше – соопшти Ватикан, пренесува Ројтерс.
На папата му беше извршена томографија во вторникот попладне, а тестовите покажаа dvojna пневмонија, која, како што рекоа, „потребна е дополнителна фармаколошка терапија“.
Папата Франциско уште од младоста има проблеми со респираторниот систем, а кога бил млад, нешто повеќе од 20 години, му бил отстранет дел од десното белодробно крило поради плеврит (воспаление на плеврата).