Ватикан тајно казнил нобеловец за децениско сексуално злоставување малолетници

Сподели со своите пријатели

Вчера Ватикан призна дека пред две години тајно го дисциплинирал бискупот од Источен Тимор и добитник на Нобеловата награда за мир Карлос Ксименес Бело поради обвинувањата дека со децении сексуално злоставувал малолетни момчиња, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

Приемот на Ватикан следи по написот оваа недела во холандскиот магазин De Groene Amsterdammer, кој во својот извештај цитира двајца неименувани мажи кои велат дека Бело ги силувал кога имале 14 и 15 години, а потоа им дал пари.

Тие додадоа дека веруваат дека бискупот сексуално злоставувал и други момчиња во Источен Тимор.

Некои од наводните злоставувања се случиле во резиденцијата на бискупот во главниот град Дили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Де Гроне Амстердамер рече дека има докази дека Бело исто така сексуално злоставувал момчиња во 1990-тите додека бил свештеник.

Бело (74) ја доби Нобеловата награда за мир во 1996 година, заедно со актуелниот претседател Хозе Рамос-Хорта, за нивната вмешаност во завршувањето на конфликтот во Источен Тимор.

Норвешкиот Нобелов комитет ја наведе храброста на Бел да помогне да се расветли масакрот од страна на индонезиската армија во 1991 година врз народот на Источен Тимор.

Поранешната португалска колонија освои независност од Индонезија во 2002 година по крвавата окупација во која загинаа стотици илјади луѓе.

Loading...

Истата година кога Источен Тимор се стекна со независност, наведувајќи ги здравствените причини предизвикани од стресот, Бело поднесе оставка од својата функција како администратор на епархијата Дили, што тогашниот папа го прифати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Бело тогаш имал само 54 години, 21 година помлад од вообичаената возраст кога бискупите се пензионираат.

По напуштањето на функцијата бискуп на Дили, Бело работел како мисионер во Мозамбик, а подоцна се населил во Португалија, каде што живее и денес, според Си-Ен-Ен.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни рече дека канцеларијата за сексуална злоупотреба на Ватикан прво ги истражила наводите во 2019 година, а во 2020 година му наметнала дисциплински мерки на епископот, вклучително ограничување на движењето и службата, забрана за контакт со малолетници, интервјуа и контакти со Источен Тимор.

Бруни рече дека Ватикан ги заостри мерките во 2021 година, без да наведе детали и дека владиката и двата пати официјално ги прифатил ограничувањата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Бело е член на салезискиот верски ред, кој традиционално се специјализирал за образование на деца.

Огранокот на редот во Португалија на својата веб-страница објави дека со длабока „тага и збунетост“ слушнал за „сомнежот“ за сексуална злоупотреба на малолетници од страна на Бело.

Во соопштението се вели дека од пристигнувањето во Португалија, Бело „немал образовни или пасторални обврски“.

Loading...