Ватикан e во неизвесност.
Папата Франциско, кој пред две недели беше хоспитализиран поради двојна пневмонија, добро спиел во текот на ноќта и утрово се одмарал, соопшти денеска Ватикан.
„По мирна ноќ, папата одмара“, се вели во соопштението на прес-службата на Ватикан, пренесе Vatican News.
Ватикан во петокот објави дека папата претрпел бронхијален спазам и дека му е обезбедена неинвазивна механичка вентилација.
Папата добро ја толерираше терапијата и остана свесен и буден цело време.
Проблемот со дишењето во петокот не траеше долго, а на лекарите на папата Франциско се очекува да им бидат потребни 24-48 часа за да проценат како оваа епизода ќе влијае на неговата понатамошна клиничка состојба.
Во изминатите два дена охрабрувачки вести пристигнаа од лекарите на папата во болницата Гемели во Рим, но сега нивниот став е внимателен во однос на прогнозите за закрепнување на папата.