Вашингтон управува со дел од авганистанскиот имот

Сподели со своите пријатели

Американските власти објавија дека отвориле фонд во Швајцарија за управување со имотот на Централната банка на Авганистан во вредност од 3,5 милијарди долари.

Loading...

Тие средства се замрзнати во Америка откако Талибанците ја презедоа власта.

Новиот фонд, со седиште во Женева, ќе ги преземе функциите на централната банка, како што се отплата на неподмирените долгови на Авганистан или плаќање за увоз на електрична енергија.

Тој фонд во иднина би можел да има и други улоги, како печатење банкноти, пренесува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се подготвува чистка во Пентагон - тимот на Трамп прави список на оние кои ќе бидат отпуштени