Соединетите Американски Држави го поддржуваат договорот за влезно-излезни документи меѓу Косово и Србија и го гледаат како важен чекор кон нормализирање на односите засновани на взаемно признавање, изјави Стејт департментот за Гласот на Америка во врска со договорот постигнат од двете страни.
„Договорот за документите за влез/излез е пример за ефективна примена на дијалогот за решавање на спорови и напредок. Дијалогот за Србија и Косово е механизам чија цел е да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите. Постигнувањето решение преку дијалог е клучно за двете земји на нивниот пат кон европската интеграција“, се вели во одговорот на портпаролот на Стејт департментот, пренесе Бета.
Беше забележано дека во дијалогот со посредство на Европската унија, Србија се согласи да ги укине документите за влез-излез за имателите на косовски документи, додека, од друга страна, Косово се согласи да не воведува документи за влез-излез за граѓаните со српски документи.
„Врз основа на посветеноста на двете страни и напорната работа на специјалниот пратеник на Европската унија, ги охрабруваме Србија и Косово да се ангажираат повеќе и да одат напред во мир“, соопшти Стејт департментот.