Ракометниот Супер куп на Македонија меѓу екипите на Вардар и Металург на 18ти септември ќе се одигра во Куманово, одлучи Ракометната федерација на Македонија.
Loading...
Дуелот е репрезиа на финалето од Купот на Македонија, кога Металург во Куманово го совлада европскиот шампион Вардар.
Општина Куманово и Женскиот ракометен клуб Куманово ќе бидат организатори и домаќини на настанот, откако добро се покажаа и минатата сезона кога го организираа женскиот и машкиот државен Куп.