Ванилици со кисела павлака! (РЕЦЕПТ)

Сподели со своите пријатели

Сите го знаете стариот рецепт за „Ванилици“, но дали сте се обиделе да ги направите со кисела павлака? Некои тврдат дека вкусот е уште подобар!

Loading...

Ванилици со кисела павлака е одличен десерт, направете ги и уживајте во познатото колаче со нов вкус!

Потребно:

1/2 кг брашно

200 гр путер

4-5 лажици кисела павлака

кора од лимон

2 жолчки од јајце

Loading...

1 кесичка ванилин шеќер

 

 

Подготовка:

Изматете го путерот, потоа додадете ја киселата павлака (2-3 лажици) и ренданата кора од лимон. Комбинирајте и додадете брашно.

Промешајте малку, потоа додадете ги жолчките и уште 2 лажици кисела павлака.

Месете го тестото. Потоа развлечете го тестото до дебелина на прстот. Извадете ги формите со чаша ракија.

Loading...

Се редат на плех обложен со хартија за печење и се печат на 150-180 ° C околу 10 минути.

Ванилиците треба да останат бели кога ќе ги извадите. Премачкајте со џем по ваш избор и соединете, па посипете со ванилин шеќер.