Еден ресторан во Канада кој е дел од франшизата ланци Carl’s Jr привремено е затворен затоа што сопственикот со своето однесување прекршил 10 хигиенски правила кои треба да се почитуваат кога се занимавате со подготовка на храна.
На снимката која е забележана од безбедносните камери се гледа како сопственикотЏек Веб со голи раце во канта го подготвува сосот за скара за бургерите за овој угостителски објект.
Никогаш немам видено вакво нешто. Тој да не е сопственик би добил отказ моментално – изјави Ендру Мајнс кој го пријавил кај надлежните.