Ужас! Ги застрелала своите синови во глава, а потоа дала застрашувачка изјава во полиција

Сподели со своите пријатели

Тифани Ен Кетрин Лукас (32) од Кентаки е уапсена бидејќи ги убила своите синови Морис Бејкер (6) и Џејден Хауард (9) во нивниот дом во Шеперсвил.

Loading...

Тифани наводно ги убила со пиштолот на партнерот.

Злосторството го пријавил сосед кога ја видел како излегува од куќата и вика дека нејзините деца умираат.

Во полиција се обидела да се преправа дека е луда.

„Јас сум луда, не сум јас виновна. Никогаш немаше да го направам ова ако некој не манипулира со мене. Моето момче, ме манипулираше 3 години. Правеше чудни работи низ дома. А технологијата манипулираше со моите деца“, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од автомобили до авокадо. Ова се работите на кои Трамп би можел да воведе царини

На снимката која полицијата ја снимила од куќата во која биле убиени децата, на денот на убиството, Тифани изгледа како да не е таа самата и во еден момент се гледа како се врти кон Бога и прашува „Дали ти требам?“.

Тифани е осудена на две доживотни затворски казни.

Претходно била уапсена поради поседување дрога.

Loading...

Инаку, приходот еднаш ѝ бил одземен од социјалната служба токму поради наркотици.