Пред судот во Узбекистан официјално започна судењето за случајот со смртта на 65 деца минатата година, поврзани со контаминирани сирупи за кашлица.
Ова е првпат јавно да се споменува бројот на починати деца, а како што пренесува Ројтерс, властите во таа земја претходно пријавиле само 20 смртни случаи поврзани со лекот за кашлица што го произведува индиската компанија Марион Биотек.
Обвинети се 19 Узбеци и двајца Индијци, меѓу кои и поранешни високи владини функционери кои биле задолжени за лиценцирање увезени лекови, како и менаџери на приватна компанија што ги увезуваше и дистрибуираше, се вели во соопштението на Врховниот суд на Узбекистан.
Обвиненијата вклучуваат даночно затајување, продажба на фалсификувани и супстандардни лекови, злоупотреба на службената положба, небрежност, фалсификување и поткуп.
Индиското регулаторно тело и ја одзеде лиценцата за производство на компанијата Марион Биотек, која извезуваше сирупи во Узбекистан, а одредени вработени во компанијата беа уапсени.