Уште денеска и утре граѓаните на Куманово ќе можат да аплицираат за субвенционирање на набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.
Како што информираат од Општина Куманово, јавниот повик кој започна на 10 февруари, поради исцрпени финансиски средства, завршува утре 18.02.2025 (вторник).
– Поради тоа, сите заинтересирани граѓани за субвенции за клима ќе можат да поднесуваат барања уште денеска и утре. Во случај да има предвидено дополнителни нови средства за субвенционирање, граѓаните навремено ќе бидат известени, велат од општината.
Потребните документи за аплицирање на веќе постоечкиот јавен повик, може да се превземат од општинскиот веб сајт или од архивата на општина Куманово.
Преку повикот општина Куманово ќе субвенционира по 20.000 денари за набавка на 100 клима уреди.
Никола Ивановски