Утре започнува фестивалот „Денови на комедија“ 2023

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Синиот портокал“ на Театар Велес утре започнува годинешното издание на фестивалот „Денови на Комедија“ во Куманово.

Loading...

Од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ кој е организатор на настанот информираат дека свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре со почеток во 20:00 часот.

По отворањето веднаш ќе започне и првата претстава, годинава на велешкиот театат „Ј.Х.К. Џинот“.

Станува збор за комедија во режија на Александар Ивановски, а по текст на Џо Пенхол.

Во претставата играат Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Самоил Стојановски.

Сценограф на претставата е Филип Коруновски.

Фестивалот продолжува во четврток со претставата „Ле кретен“ на Театар Штип.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал поранешната сопруга

Никола Ивановски

Loading...