Утринава во поголемиот дел од земјата е ведро и посвежо. со слаб југоисточен ветер. На југоисток има мал до умерена облачност. Во Демиркаписко има слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне сончево со мала до умерена облачност од средината на денот и со слаб до умерен југоисточен ветер најизразен вдолж Повардарието. На југоисток ќе има повремено зголемена облачност и услови за појава на слаб локален дожд. Температурата во интервал од 8 до 14 степени.
Утре од предпладне и на југозапад ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Поради влажен воздушен бран од средината на денот од западните делови ќе започнат врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет кои попладне и вечерта ќе се преместуваат кон исток. На високите планини овие врнежи ќе се од снег. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен вдолж Повардарието.
Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува за време на викендот.