Сосема мала облачност е забележана утринава низ земјава, јавува порталот Метеопро. Температурата во 7 часот беше 0°С, но и покрај тоа, денес се очекува претежно сончев и релативно топол ден.
Loading...
Максималната температура низ котлините во источниот регион, како и долж северниот дел на повардарието ќе биде во границите од 18°С до 20°С.
Малку посвежо, околу 17°С, се очекува да биде во котлините во западниот регион од земјава.
Само во гевгелиско – дојранскиот предел се очекува температура која малку ќе надмине над 20°С. Слично време ќе се задржи и во наредните денови, барем до крајот на оваа работна недела.
Извор: Метеопро.мк