Уште шест години затвор за поранешната премиерка на Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Судот во Мјанмар, земја под воена управа, денеска ја осуди поранешната премиерка Аунг Сан Су Чи на дополнителни шест години затвор.

Loading...

Таа беше осудена по обвиненија за корупција, изјави судски службеник.

Судењето се одржа зад затворени врати, а на нејзините адвокати им беше забрането да даваат информации за постапката, наведува АП.

Судот пресуди дека во четири случаи на корупција, Су Чи наводно ја злоупотребила својата положба за да изнајмува јавно земјиште по цени пониски од пазарот и изградила резиденција со донации наменети за добротворни цели.

Таа ги отфрли сите обвиненија, а се очекува нејзините адвокати да поднесат жалба.

Су Чи веќе беше осудена на 11 години затвор за бунт, корупција и други обвиненија во претходните судења, откако војската ја собори нејзината избрана влада и ја приведе во февруари 2021 година.

Аналитичарите велат дека бројните обвинувања против Су Чи и нејзините сојузници се обид да се даде легитимитет на војската да ја преземе власта и да ја елиминира од политиката пред да се одржат изборите следната година, според АП.

Во 1991 година, Су Чи ја доби Нобеловата награда за мир.

Loading...