Уште една семејна куќа изгоре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Семејна куќа ноќва изгоре во пожар на улицата „Перо Чичо“ во Куманово, информираат утринава од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Пожарот избувнал околу 23 часот, по што на местото на настанато се упатиле три провипожарни возила и девет пожарникари. Интервенцијата траела дури до 05:45 часот утринава.

Според информациите на РЦУК, опожарен бил подрумскиот дел на објектот, при што е причинета материјална штета.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.

Инаку пред само три дена, семејна куќа изгоре на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“, кога беше опожарен долниот кат од куќата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од лакови за нокти до гуми за камиони. Што сѐ запленија цариниците на Табановце? (ФОТО)

Никола Ивановски