Уште една прва награда за Албанската драма при Театар Куманово

Сподели со своите пријатели

На четиринаесеттото издание на Меѓународниот театарски фестивал ”Албански театар во Македонија” што од 16 до 21 октомври се одржа во Дебар, со изведба на комедијата ”Баунсерс”, Албанската драма при Театар Куманово се закити со награда за најдобра претстава.

Loading...

12179571_896922310385865_1043634973_n

Во режија на Ќазмедин Нуредини, комедијата ”Баунсерс” во конкуренција со четири останати претстави во изведба на театари од Тирана, Прешево и Приштина, ја освои наградата за најдобра претстава и со тоа го продолжи трендот на освојување награди.

Ова е втора награда за Албанската драма при Театар Куманово во 2015 година, откако на театарскиот Фестивал ”Поинаков театар” што од 25 до 30 јули се одржа во косовскиот град Подујево, претставата ”Баунсерс” ја однесе победата за најдобра претстава во конкуренција со признаени театари од Косово и Македонија.

Во претставата ”Баунсерс” настапуваат актерите Ќазмедин Нуредини, Шкељќим Ислами, Сефедин Шабани и Енвер Халими во улога на четири чувари т.е бодигарди во провинциска дискотека во Англија, каде во монотонијата на ноќниот живот, одеднаш се појавуваат четири жени.

Фото: Лајм