Уште една дестинација тргнува во борба против масовниот туризам

Сподели со своите пријатели

Венеција наплаќа влез во центарот на градот, Јапонија забранува фотографирање, Барселона го ограничува бројот на крузери, а Амстердам престанува да се рекламира. Следејќи го примерот на поголем број европски и светски туристички дестинации, Фарските острови, исто така, одлучија да стават крај на масовниот туризам.

Loading...

Според Си-Ен-Ен, властите на оваа данска автономна покраина, со население од само 13.000, решиле еден викенд во годината да го претворат во т.н. „туристички волонтерски викенд“.

Имено, во пролетта оваа година, голем број волонтери од Мексико, Израел, Австралија, Кина и САД, како и од други земји на светот, дојдоа на островот за да им помогнат на жителите во чистењето.

Со цел да се зголемат придобивките и на волонтерскиот и во туристичкиот свет, властите решија да го затворат островот за еден викенд за обични туристи.

Но, оние што ќе решат да ги посетат Фарските острови само овој викенд, сепак ќе можат да го сторат тоа. Сите хотели и аеродроми ќе работат нормално, но во пропишаниот период.

Посетителите ќе треба да прифатат една од работните места што им се доделени, и во најголема мерка ќе опфатат чистење на животната средина и зелените места.

– Ние не таргетираме голем број во туризмот. Секој гостин е добредојден, но тој исто така треба да биде свесен дека тука се грижиме за нашата земја и не сакаме да ја уништиме заради туризмот – објасни Гудруд Хојгард, директор на Организацијата за туризам на Фарски Острови.

Значи, властите сакаат да соберат 100 „волонтерски туристи“ кои ќе се приклучат на акцијата на 16-17 април 2020 година.

Loading...

Leave a Reply