Ново апсење за случајот Ќелија кој неодамна ја потресе македонската јавност. Се работи за 47-годишниот Беким Бакиовиќ кој како што пренесува порталот Пресс24, е приведен во Косово. Приведениот се сомничи за индоктринација и за врбување на борци на ИСИЛ во Македонија.
Големата антитерористичка акција „Ќелија“ го откри гнездото за регрутација на борци за ИСИЛ од Македонија. Лицата се сомничат за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоените формации на блискиот исток, но и за учество во силите на ИСИЛ. Во притворска ќелија испрати 9 лица, а по 26 сеуште се трага. Приведените биле на возраст од 19 до 49 години. Речиси сите биле повратници од борбите во Сирија а зад себе имале и криминали досиеа.
Акцијата беше спроведена во август годинава.