УНИЦЕФ: Околу 67 милиони деца останаа без рутински вакцини за време на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Околу 67 милиони деца се целосно или делумно лишени од рутински вакцини меѓу 2019 и 2021 година поради нарушувања во здравствените системи поврзани со пандемијата Ковид-19, објавија утринава Обединетите нации.

Loading...

Ситуацијата предизвикана од ограничувањата во здравствените системи го врати светот повеќе од 10 години назад во однос на вакцинацијата на децата, процени Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Во извештајот на УНИЦЕФ се предупредува дека „враќањето на вистинскиот пат ќе биде предизвик“.

УНИЦЕФ наведува дека во споменатиот период 48 милиони деца не примиле ниту една вакцина.