УНИЦЕФ: Илјадници исчезнати деца закопани под урнатините во Газа

Сподели со своите пријатели

Заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Тед Чајбан, изјави пред Советот за безбедност на ОН дека „телата на илјадници исчезнати деца остануваат закопани под урнатините во Газа“.

Loading...

Чајбан зборуваше на специјален состанок на Советот за безбедност на ОН за неодамнешниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за насилството врз децата во вооружените конфликти.

„Во 2023 година, 4.312 палестински и 70 израелски деца беа убиени или осакатени, што претставува 37 отсто од сите потврдени случаи на убиства и повреди вклучени во извештајот“, рече Чајбан, според Ал Џезира.

Но, според него, бројот на деца кои останале под урнатините покажува дека ОН не биле во можност да ги вклучат во извештајот илјадниците пријавени случаи на убиени деца во Газа.