Унгарија не планира да воведе никакви визни ограничувања за Русите, ниту да ја усложнува процедурата за издавање визи, изјави на социјалните мрежи унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Тој напиша дека унгарските власти разговарале за предлогот што ќе ја заостри практиката на издавање европски визи за руските граѓани, објави Радио и телевизија на Република Српска.
„Тука се солидаризираме со ставот на германскиот канцелар /Олаф Шолц/ и не планираме да воведуваме никакви остри мерки или ограничувања“, посочи Сјарто.
Пет балтички земји бараат од ЕУ да гласа за забрана за издавање визи за руски туристи.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.