Унгарец висел 70 километри на воз кој патувал со 282 км/ч

Сподели со своите пријатели

Маж, 40-годишен унгарски државјанин, се качил во воз во Минхен во четвртокот без билет.

Loading...

Сепак, полицијата тврди дека тоа не била причината за овој ризичен трик.

Кога возот застанал на станицата во Инголштад, на околу 70 километри северно од Минхен, патникот се симнал од возот за да запали цигара.

Кога сфатил дека вратите се затворени и возот тргнал, скокнал меѓу два вагони и се држел за каблите додека возот забрзувал до 282 км/ч, соопшти полицијата.

Случајни минувачи од платформата повикале полиција околу 15 часот.

Машиновозачот го запрел возот во градот Киндинг, триесетина километри северно од Инголштад, каде мажот бил уапсен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прв случај на инфекција со мајмунски сипаници во Азербејџан

Мажот ѝ рекол на полицијата дека скокнал во возот затоа што го оставил својот багаж во возот.

За среќа, мажот не е повреден, изјави портпаролот на федералната полиција.

Loading...

И покрај сите „несреќи“ кои го снашле, го обвинуваат што не купил билет.

Тој се соочува и со обвинение за „нарушувачко однесување“, што се смета само за прекршок.