УНДП понуди своја помош за надминување на кризата во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Водени од добрите односи со Општина Куманово во изминатиот период, како координатор на ООН и висок претставник на УНДП во Македонија, денес во овие тешки моменти за градот, одлучив да дојдам во посета на градот, за да заеднички помогнеме за изградба на оштетените куќи, изјави при денешната посета Луиза Винтон при посета на Куманово.

Loading...

Високата претставничка на УНДП беше примена од градоначалникот Зоран Дамјановски при што ги образложи заложбите на УНДП за реализација на проекти во погодените улици во нас. Тоде Мендол, со акцент за помагање на децата и лицата со посебни потреби.

– Благодарејќи на изразениот интерес и понудената помош, денес со УНДП договоривме да реализираме проекти кои ќе бидат во насока на враќање на довербата, градење на добри мултиетнички односи и помагање на лица на кои им е потребна било каква помош откако нивните домови беа мета на вооружени дејства, вели Дамјановски.

УНДП како што истакна Винтон, сака да покаже солидарност со градот и да помогне со проекти кои ќе бидат во правец на брзо закрепнување на градот по неодамнешните немили настани.

Дамјановски денес во посета го прими и Амбасадорот на Република Србија во Македонија.

Leave a Reply