По повод одбележувањето на годишнината од смртта на Драган Богдановски, Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на Општински комитет Куманово, утре /31 мај/, со почеток во 11 часот ќе организира панихида на градските гробишта во Куманово.
Драган Богдановски (с. Клечовце, Кумановско, 18 септември 1929 – Федериција, Данска, 31 мај 1998) бил еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.
На првиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ, одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991 г., Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993 г. е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Европа.