Уметникот Зоран Арсовски – Бабата претседател на стручна жири комисија на биенале во Бугарија

Loading...
Сподели со своите пријатели

Академскиот современ визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата избран за  претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура „Уметноста на минијатурата” која ќе се одржи во Русе, Бугарија

На покана од “Уметничката Галерија Русе” – Бугарија, Македонскиот современ академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата ќе биде претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура “Уметноста на минијатурата”. Жирирањето ќе се одржи во периодот од 28 – 30 септември 2023 година во Русе, градот на реката Дунав во Бугарија.

Организатори на овој Меѓународен биенален настан на минијатура се “Уметничката Галерија Русе” – Бугарија, од каде најавуваат многу силна конкуренција на веќе пристигнатите уметнички дела на уметници од целиот свет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претепале „шверцер“ во Куманово, па му украле 3.000 евра

Ова е еден од најзначајните настани за уметноста на минијатурата, којашто по својата тежина е една од најтешките дисциплини во уметноста бидејки бара многу прецизност и уметничка креативност, која носи силни пораки коишто многу кажуваат на малото сликарско платно.

Арсовски во последните неколку години имаше свои самостојни проекти и изложби на минијатури во повеќе држави пред меѓународната јавност кои беа изложени во повеќе познати Уметнички Галерии коишто привлекоа големо внимание и оставија силен впечаток на пошироката јавност.

За творештвото на Арсовски се напишани бројни рецензии и уметнички критики од страна на стручните домашни и странски историчари на уметноста, кои го следат неговиот уметнички пат и го препознаваат преку многубројните современи, концептуални изложби преку кои тој ги пренесува неговите пораки кои живеат на уметничкото платно, со оригинален и препознатлив сопствен стил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претепале „шверцер“ во Куманово, па му украле 3.000 евра

Тој досега има реализирано 15 самостојни изложби и учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство.

За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

Loading...

Интегрално соопштение