Уметничка галерија Куманово објави јавен повик до сите академски ликовни уметници од Куманово, да земат учество на ” КУМАНОВСКИ ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ – 2015 “.
По повод 11 Ноември, Ден на ослободување на град Куманово, Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово традиционално ги претставува кумановските ликовни уметници.
По тој повод, Уметничка Галерија ги поканува уметниците да земат активно учество на изложбата.
Секој учесник на изложбата потребно е да пријави едно (1) ликовно дело, по можност неизлагано, од неговата најнова продукција. Делото треба да биде опремено со податоци од авторот, наслов и димензии на истото.
Уметниците кои се заинтересирани да ги изложат своите дела треба да се пријават во Уметничка галерија, од 15 до 30 октомври 2015.
Изложбата ќе се реализира на 10 ноември и за истата ќе биде испечатен каталог. Во текот на месец декември делата ќе бидат вратени на авторите.
За повеќе детали околу изложбата информации можете да добиете кај Драгана Спасковска, кустос, историчар на уметноста како и кај Перо Величковски, виш кустос, историчар на уметноста.