Жителите на улицата „Никола Тесла“ денес во интервал од 9 до 12 часот ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за најавен планиран прекин од стран на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа и подобрување на квалитетот на услугите.
Во останатиот дел од градот снабдувањето со електрична енергија се одвива без проблеми, со ситни дефекти кои веднаш откако ќе се појават од страна на екипите на ЕВН веднаш се отстрануваат.