Украински генерал: Ситуацијата на исток е сложена

Сподели со своите пријатели

Од Киев денеска пристигнаа вести за сложената ситуација на бојното поле на истокот на Украина, но и за успесите во некои делови на југот.

Loading...

Украина неуморно ја продолжува контраофанзивата против руските окупаторски сили.

„Ситуацијата на исток е сложена, но работите ги имаме под контрола“, објави на Телеграм генералот Олександр Сирски, командант на украинските копнени сили.

Сирски изјави дека Русите ги концентрирале силите кон Купјанск, во североисточниот регион Харков, но дека украинските сили успешно пружаат отпор.

Русите собраа многу војници кај Купјанск

Според извештаите на Ројтерс, украинските власти се повеќе ја истакнуваат зголемената руска воена активност во близина на Купјанск и блискиот Лиман на североисток.

Двата града се вратија под контрола на Украина на крајот на минатата година.

Вчера, портпаролот на украинските сили на истокот изјави дека руската армија собрала повеќе од 100.000 војници и повеќе од 900 тенкови во областа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...