Украинската војска масовно ги напушта положбите и положува оружје, тврди Москва

Сподели со своите пријатели

Разузнавачките податоци покажуваат дека единиците и армијата на вооружените сили на Украина масовно ги напуштаат позициите оставајќи го оружјето, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Loading...

Во исто време, рускиот воен оддел посочува дека позициите на единиците на вооружените сили на Украина, кои го положиле оружјето, не биле изложени на напади.

– Руските вооружени сили не вршат напади врз украинските градови. Ништо не му се заканува на цивилното население – се нагласува во соопштението.

Се наведува и дека изјавата на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, за наводните загуби на руски авиони и оклопни возила е „целосна лага“.